MАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

  • Интерпретација на песната ,,Писмо од децата од големиот град” ( разговор, читање на песната, одговор на прашања ) стр. 107
  • Убаво пишување на песната ,,Писмо од децата од големиот град” ( препишување на песничката во тетратка )
  • Интерпретација на песната ,,Моето село” ( разговор, читање на песната, одговор на прашања ) стр. 118
  • Продолжување на песната ,,Моето село” со нови строфи ( пишување на нова строфа со дадените рими )
  •  Интерпретација на народната приказна ,,Царот и орачот” ( читање, разговор, одговор на прашања ) стр. 120
  • Прераскажување на народната приказна ,,Царот и орачот” ( со менување  на крајот )
  • Повторувам и се проверувам  ( препишување во тетратка со дополнување на точните одговори) стр. 122

Англиски јазик

http://oujoakimkrcoski.edu.mk/wp-content/uploads/2020/03/Clothes-IV-oddelenie-angliski-jazik.pdf

МАТЕМАТИКА

  • Ја знае таблицата за множење и делење со 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10
  • Множи едноцифрени броеви
  • Го разбира и применува комутативното својство на множењето ( ако множителите си ги сменат местата, производот не се менува…пр. 3*5 е исто што и 5*3 )
  • Го проверува множењето со користење различни  техники, на пр: проверка
  • 6 • 8 = 48 со множење 6 • 4 и негово удвојување
  • Препознава и почнува да ги знае содржателите на 2, 3, 4, 5 и 10
  • Множи и дели трицифрени броеви со 10 (прво решението е цел број, а потоа напредува кон повеќецифрени броеви) и го разбира резултатот,  почнува да множи и  дели броеви со 100 и врши слични делења

ЗАБЕЛЕШКА: Учениците можат да работат во учебникот, работната тетратка, или во своите тетратки по математика, наставни  содржини кои опфаќаат множење и делење, а досега не се сработени на училиште ).

Во тетратка да се напише таблица множење со броевите 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10.

На дадениот линк има едукативни математички игри кои можат да се реализираат преку мобилен телефон или компјутер ,,  http://www.sheppardsoftware.com/math.htm

ОПШТЕСТВО

  • Општини во РМ и во град Скопје ( локална самоуправа ) – да се прочита планчето од тетратката
  • Граѓанин – да се прочита планчето од тетратката

Доколку постои интерес во тетратка да се илустрира значајно обележје на нашата Општина Ѓорче Петров.

ПРИРОДНИ НАУКИ

МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ

СЛУШАЊЕ МУЗИКА

  • П. И. Чајковски „Наполитанска песна“ од балетот „Лебедово езеро“ стр.53
  • Камиј С. Санс „Карневал на животните“ стр.55

Композициите можете да ги слушате на You tube!

ТЕХНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ

  • Склопување и расклопување на модели и макети од готови елементи ( игра со коцки, игра со LEGO коцки, парчиња дрво, пластични цевки и слично ) стр.42