Учениците од II 1 и II 2 одд. од ООУ ,,Јоаким Крчоски ˝ – Волково имаа заедничка активност –штафетни игри со учениците од II одд. од подрачното училиште ,,Јоаким Крчоски˝ – Никиштани. Реализацијата на активноста течеше успешно. Игрите беа реализирани со реквизити и тоа (чуњеви, обрачи, топки, балони, јажиња, вреќи за скокање, ЦД со македонска и албанска музика). Продуктот од заедничката активност е поттикнување на учениците на заедничка соработка со ученици од различна етничка припадност. Ненаметливо низ игра да се дружат, почитуваат и соработуваат.