Во согласност со Законот за основно образование ООУ „Јоаким Крчоски“ Волково објавува упис на ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година. Право на упис имаат сите деца кои се родени во 2014 година и дополнително децата родени до 31.01.2015 година (по барање на родител-старател).
Со оглед на прогласената состојба на пандемија, уписот на децата за прво одделение ќе се реализира во текот на месец ЈУНИ 2020 година.
Запишувањето на ученици во прво одделение трае од 01.06 2020 до 30.06.2020 година, со електронско пријавување (кое е во тек) и електронско поднесување документи на e-mail: prvacejoakim@yahoo.com, согласно дадени иструкции во известување објавено на веб страната на училиштето и на огласна табла на училиштето .
За граѓаните кои немаат услови за on-line пријавување, ќе се овозможи лично доставување на пријавите и потребните документи во текот на месец јуни, по претходно најавување преку контакт телефон на училиштето.тел. 02/ 2053-117.
За повеќе информации во оглас
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС :
Извод од матична книга на родените за детето (фотокопија)
Лични карти за двајцата родители-старатели како доказ (фотокопија)
Лекарска потврда за примени задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа
Потврда за стоматолошки преглед издадена од стоматолог на јавно здравство во Поликлиника Ѓорче Петров
При запишување на дете со попреченост родителот-старателот е должен да достави мислење-функционален профил од комисија за проценка на деца и младинци според МКФ.