Почитувани ученици и родители

Од утре 01.10.2020 (четврток) започнува новата учебна 2020/2021 година.

Првиот училишен час за учениците од I до III одделение започнува во:

  • 8.00 ч. за учениците од III одделение.
  • 8.30 ч. за учениците од II одделение.
  • 9.00 ч. за учениците од I одделение.

Училиштето има организирано автобуски превоз за доаѓање на учениците од I до III одделение во училиште, при што ќе се почитуваат сите здравствени протоколи.

На доаѓање во училиште учениците задолжително да носат заштитна маска со себе и истата ја носат за време на престој во училиштето и автобускиот превоз.

Училиштето е целосно подготвено за настава согласно протоколите.

Учениците кои следат online настава ќе се вклучат на покана и известување од своите одделенски раководители.

Во училиштето е забранет влез за родители и надворешни лица.

Драги ученици ви посакуваме среќен почеток на новата учебна година, многу здравје, среќа и успеси.

Директор Слаѓана Гаврилоска