ООУ ,, Јоаким Крчоски ,, Волково објавува повик за избор на Ученик правобранител и заменик ученик правобранител.

Ученикот Правобранител кој ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави  сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во/вон училиштето ( училишен кадар и Народен правобранител).

Услови за учество

  • Право на пријавување за функцијата Ученик правобранител имаат ученички и ученици од 7 и 8 одделение
  • Право на пријавување за функцијата заменик Ученик правобранител имаат ученички и ученици од 6,7, и 8 одделение во основното училиште

Начин и рок на пријавување

  • Документи за пријавување : пријава и мотивационо писмо
  • Документи за пријавување ЛИНК

Заинтересираните кандидати можат да ја подигнат пријавата објавена на интернет, истата кандидатите  треба да ја пополнат и достават до психологот на училиштето на меил  jkvolkovo@yahoo.com

  • Мотивационото писмо се доставува во слободна форма
  • краен рок за поднесување на документи е : 15.12.2020 г

Критериуми за избор

Селекција на пријавените кандидати и избор ќе направи тим од претставници од ученици и од училиштето според следните критериуми:

  • пол,
  • возраст,
  • основно познавање на детски права,
  • мотивација за пријавување,
  • комуникациски и организациски способност,
  • претходно искуство односно вклученост во/вон наставни активности

Работни обврски на Ученикот правобранител и неговиот заменик

  • Учество на воведната обука за улогата на Ученик правобранител, организирана од страна на психологот и Тимот за училишна интеграција
  • Промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници и информативни настани
  • Прибирање на претставки-поплаки од ученици ( препознавање на прекршување на детските права и обезбедување заштита за почитување на детските права)
  • Редовна комуникација и координција со психолог и Тимот за училишна интеграција

Мандатот на Ученикот правобранител и заменикот правобранител е 2 учебни години.

Лице за контакт : Гордана Несторовска – психолог

jkvolkovo@yahoo.com

09.12.2020 година

Докумен за пријавување