О Г Л А С за запишување ученици во прво одделение во учебната 2021/2022 година

  • Право на запишување во прво одделение имаат:
  • Сите деца кои се родени 2015 година и кои до 31.12.2021 година ќе наполнат 6 години;
  • Дополнително деца родени до 31.01.2016 година (по барање на родител и добиено мислење од психологот на училиштето).    

Флаер

Запишувањето на ученици во прво одделение трае во текот на месец мај 2021 година, со лично доставување на пријавите и потребните документи во текот на месец мај, по претходно најавување преку контакт телефон на училиштето.тел. 02/ 2053-117;

  • Родителите имаат можност и за електронско пријавување, електронско поднесување документи на E- uslugi.gov.mk, e-upisi.gov.mk
  • Постапката на запишување ја спроведува Комисија за запишување ученици во прво одделение.
  • Уписот на учениците се реализира согласно здравствените протоколи за работа на училиштето.
  • Потребни документи за упис:
  • Извод од матична книга на родени за детето (фотокопија);
  • Лични карти од двајцата родители / старатели, како доказ за местото на живеење (фотокопија);
  • Лекарска потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна здравствена установа;
  • Потврда за стоматолошки преглед издадена од стоматолог од надлежна здравствена установа;
  • Потврда од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа.

Имајќи ја во предвид светската пандемија предизвикана од вирусот Covid-19, родителите имаат можност потврдите за стоматолошки и офталмолошки преглед да ги достават најдоцна до 31.08.2021 година. (пред започнување на учебната 2021/2022 година)

  • Доколку детето посетувало градинка, родителот доставува:
  • Досие на детето што е издадено при испишување од градинката (најдоцна до 31.08.2021).
  • При запишувањето на детето со попреченост во прво одделение родителот/старателот е должен да достави мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
  • Запишувањето на детето, на барање на родителот/старателот, здравствена установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не  е подготвено да оди на училиште.
  • За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла на училиштето и на веб страната на училиштето најдоцна до 15 јуни 2021 година.
  • Наставата се организира класично во две паралелки.
  • За учениците се обезбедени детски компјутери во наставата, бесплатен дневен престој, згрижување на децата половина час пред и по наставата, бесплатен автобуски превоз.
  • Покрај наставните активности, учениците се вклучуваат во воннаставни активности, посети на културни установи, музеј, театар, детски фестивали, согласно протоколите за работа.

ФЛАЕР