Право на запишување во прво одделение имаат:

  • Сите деца кои се родени 2016 година и кои до 31.12.2022 година ќе наполнат 6 години;
  • Дополнително деца родени до 31.01.2017 година (по барање на родител и добиено мислење од Комисијата за запишување ученици во прво оделение).

Запишувањето на ученици во прво одделение трае во текот на месец мај 2022 година, со доставување на пријавите и потребните документи, по претходно најавување преку контакт телефон на училиштето.тел. 02/ 2053-117 или електронски на следната електронска адреса prvacejoakim@yahoo.com; Флаер

  • Постапката на запишување ја спроведува Комисија за запишување ученици во прво одделение.
  • Уписот на учениците се реализира согласно здравствените протоколи за работа на училиштето.
  • Потребни документи за упис:
  • Извод од матична книга на родени за детето (фотокопија);
  • Лични карти од двајцата родители / старатели, како доказ за местото на живеење (фотокопија);
  • Лекарска потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна здравствена установа;
  • Потврда за стоматолошки преглед издадена од стоматолог од надлежна здравствена установа;
  • Потврда од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа.
  • Доколку детето посетувало градинка, родителот доставува:
  • Досие на детето што е издадено при испишување од градинката (најдоцна до 31.08.2022).
  • При запишувањето на детето со попреченост во прво одделение родителот/старателот е должен да достави мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
  • Запишувањето на детето, на барање на родителот/старателот, здравствена установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не  е подготвено да оди на училиште.
  • За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла на училиштето и на веб страната на училиштето најдоцна до 15 јуни 2022 година.
  • Наставата се организира класично во две паралелки.
  • За учениците е обезбеден дневен престој, згрижување на децата половина час пред и по наставата, бесплатен автобуски превоз.
  • Покрај наставните активности, учениците се вклучуваат во воннаставни активности, посети на културни установи, музеј, театар, детски фестивали, согласно протоколите за работа.

Флаер