Право на запишување во прво одделение имаат:
- Сите деца кои се родени 2017 година и кои до 31.12.2023 година ќе наполнат 6 години;
- Дополнително деца родени до 31.01.2018 година (по барање на родител и добиено мислење од психологот на училиштето).
Запишувањето на ученици во прво одделение трае од 01.05.2023 до 31.05.2023 година, со лично доставување на пријавите и потребните документи во текот на месец мај, по претходно најавување преку контакт телефон на училиштето.тел. 02/ 2053-117;
Родителот/старателот може да изврши електронско пријавување и поднесување на документи на порталот за електронски услуги за граѓани (www.uslugi.gov.mk).За граѓаните кои немаат услови за on-line пријавување ќе се овозможи лично доставување на потребните документи и пополнување пријава во месец мај 2023 во просториите на училиштето.
- Постапката на запишување ја спроведува Комисија за запишување ученици во прво одделение.
Потребни документи за упис:
- Извод од матична книга на родени за детето (фотокопија);
- Лични карти од двајцата родители / старатели, како доказ за местото на живеење (фотокопија);
- Лекарска потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна здравствена установа;
- Потврда за стоматолошки преглед издадена од стоматолог од надлежна здравствена установа (Поликлиника Ѓорче Петров);
- Потврда од офтамолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа. (обезбеден бесплатен офтамолошки преглед во Европската очна болница – во Ѓорче Петров закажување на тел. број 02/2050-999 или 070/309126.)
Доколку детето посетувало градинка, родителот доставува:
- Досие на детето што е издадено при испишување од градинката (најдоцна до 31.08.2023).
- При запишувањето на детето со попреченост во прво одделение родителот/старателот е должен да достави мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
- Запишувањето на детето, на барање на родителот/старателот, здравствена установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.
- За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла на училиштето и на веб страната на училиштето најдоцна до 15 јуни 2023 година.
- Наставата се организира класично во две паралелки.
- За учениците е обезбеден продолжен престој со топол оброк, згрижување на децата половина час пред и по наставата, бесплатен автобуски превоз.
Покрај наставните активности, учениците се вклучуваат во воннаставни активности, посети на културни установи, музеј, театар, детски фестивали, согласно Годишната програма за работа на училиштето