Врз основа на член 12 од Правилникот за видовите на пофалби награди и педагошки мерки на учениците во ООУ Јоаким Крчоски –Волково, Скопје, Комисијата за пофалби и награди распишува :
КОНКУРС
ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБАР УЧЕНИК ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 година
За учество и избор на НАЈДОБАР УЧЕНИК од 4-то до 9-то одделение кандидатите да ги исполнуваат следните услови:
- Да постигнале одличен успех во учебната 2022/2023 година;
- Да покажале примерен однос во училиштето и надвор од него;
- Да учествувале на училишни, општински, градски регионални или меѓународни натпревари во учебната 2022/23 година;
- Активно да учествувале во слободни ученички активности како и во работата на ученичките организации;
- Да освоиле награди –дипломи, признанија благодарници и сл. во учебната 2022/2023 год.
- Да имаат најмал број на изостаноци во учебната 2022/2023 год.
Потребните документи да се достават до архивата на училиштето од 17.05.2023 до 31.05.2023 год.
Документите да содржат:
- Пријава до Комисијата;
- Дипломи, пофалници, благодарници, потврди и сл. во оригинал
Комисијата составена од наставници и ученици ќе ги разгледа пристигнатите документи и во согласност со бодувањето од Правилникот за пофалби и награди на училиштето ќе состави кандидатска листа за избор на ученик првенец на одделението паралелката од кандидатите ученици од 4-то до 9-то одделение.
Најдобрите избрани ученици имаат право да учествуваат на Општинскиот конкурс за избор на најдобар ученик.
Наставничкиот совет на посебна седница ќе го разгледа Извештајот од Комисијата и ќе ги прогласи-промовира најдобрите ученици на одделението.
Бр.08-152/2
16.05.2023 год.
Волково ,Скопје ООУ Јоаким Крчоски-Волково
Комисија за пофлаби и награди