Врз основа на член 12 од Правилникот за видови пофалби, награди и педагошки мерки на учениците во ООУ„Јоаким Крчоски“ – Волково, Скопје, Комисијата за пофалби и награди распишува:

К О Н К У Р С

За избор на ученик-првенец на генерација за учебна 2022/2023 година 

  Право на учество имаат учениците од деветто одделение, кои ги исполнуваат следните услови:

  • Да покажуваат примерен однос во училиштето и надвор од него;
  • Да имаат континуиран одличен успех од VI до IX одделение (5,00) ;
  • Да имаат учествувано на училишни натпревари (Интерни, општински, градски, регионални, државни, меѓународни);
  • Активно учествуваат во слободни ученички активности, како и во работата на ученичките организации;
  • Да имаат освоено, награди, дипломи, благодарници и сл.
  • Да имаат најмал број на изостаноци во деветто оделение;

Потребните документи да се достават кај секретарот на училиштето, од 17.05 до 31.05.2023 год.(среда)

Документите да содржат:

  • Пријава до комисијата;
  • Копии од дипломи, пофалници, благодарници и сл.

Комисијата составена од наставници и ученици, ќе ги разгледа пристигнатите документи и според правилникот на училиштето за бодување ќе состави кандидатска листа за избор на ученик-првенец на генерација.

Наставничкиот Совет на крајот на наставната година, ќе го прогласи ученикот-првенец на генерацијата.

  Бр.08-152/1

16.05.2023 год.

   Волково, Скопје                                                    ООУ„Јоаким Крчоски“ Волково

   Комисија за пофалби и награди